Дабар 2020/2021

Дабар 2020/2021 заврши!

Ви благодариме на учеството, како и на вашата поддршка при организацијата на овој настан во нашата држава.

На натпреварот учествуваа 19263 ученици од Македонија, од голем број основни и средни училишта во државата, кои можеа да решаваат интересни задачи поврзани со информатиката и компјутерските науки.

Оваа година, поради КОВИД-19, Дабар се организираше во изменета форма, каде што учениците можеа анонимно, од дома, да решаваат задачи и веднаш (при самото решавање) да дознаат кој е точниот одговор на секоја задача.

Во продолжение, дадени се неколку документи со сите задачи и решенија од настаните Дабар во 2017, 2018 и 2019 година. Голем дел од задачите од овогодинешниот настан беа слични со нив.

Истите се во pdf формат, и се погодни за читање на компјутер, како и за печатење. Наставниците можат да одберат кои задачи и решенија ќе им ги презентираат на нивните ученици за време на некој час. Имајте во предвид дека задачите на почетокот на документите се (донекаде) полесни, а они при крајот потешки.

Други натпревари

Дополнително, Здружението на информатичарите на Македонија би сакало да ги информира сите ученици и наставници дека постојат и неколку други натпревари кои се организираат во Македонија, а преку кои можете да бидете одбрани и да ја претставувате нашата држава на меѓународни настани, и да патувате на балкански и интернационални натпревари по информатика.

Повеќе информации можете да најдете на веб страницата на ЗИМ: http://cs.org.mk/index.php/natprevari.

На веб-сајтот МЕНДО има и систем за учење и подготовка за натпревари по информатика, како и автоматско оценување на вашите решенија. На истиот, можете сами да започнете со учење и вежбање, во било кој период од денот. Овие натпревари се поврзани со програмирање, и системот има материјали за учење на основите на програмскиот јазик C++, алгоритми, структури на податоци; како и задачи од повеќе училишни, регионални, национални и меѓународни натпревари по информатика.